Македонија
20. October 2016 - 14:44

Трагедија во Гостивар, затрупан работник додека работел на канализацијата

Возрасен маж од селото Вруток го загубил животот додека работел на поставување канализација во гостиварското село Форино, информираат од гостиварската полиција.

Од првичните информации од увидот, што е во тек, се претпоставува дека М.М. (64) додека поставувал цевки за канализација, во еден момент врз него се срушило поголемо количество на земја и го затрупало. Починатиот со уште две лица бил ангажиран од неколку семејства да направат приклучок на селската канализација во Форино.

Несреќата се случила во 11.30 часот, по што бил повикани јавен обвинител, увидна екипа на крим техника, доктор по судска медицина и инспектор по труд.

По завршувањето на увидот ќе бидат познати повеќе детали и причините кои довеле до трагичниот настан кој претпладнево се случи во селото Форино.