Трагедија синоќа во Скопје: Маж загина во сообраќајка на булеверот „Александар Македонски“
Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случила трагична сообраќајна незгода во која животот го загубил 36-годишен маж од скопското село Марино, објави Макфакс.
Според информациите од МВР, вчера одколу 23:30 часот на скопскиот булeвар „Александар Македонски“, Г.С. (36) управувајќи автомобил марка „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, по што удрил во метални столбчиња, потоа во дрво и во метална кенделабра.
Во незгодата возачот Г.С. од здобиените повреди починал на лице место, додека сопатникот З.М. (38) исто така од скопското село Марино, се здобил со телесни повреди и со возило на итна медицинкса помош бил пренесен во Ургентниот центар, каде бил задржан на лекување на клиниката за трауматологија.
Увид на лице место извршила екипа од секторот за внатрешни работи, а во расчистување на последиците од сообраќајката интервенирале и пожарникарите. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на судска медицина за обдукција.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата