Балкан
12. September 2015 - 11:52

Трагедија: Се преврте чамец со бегалци, четири деца исчезнаа

Гумен чамец со бегалци се преврте денеска во близина на грчкиот остров Самос, при што спасени се 24 лица, но четири деца и натаму се сметаат за исчезнати, јави грчката агенција АНА.

Покрај децата, за исчезната се води уште една возрасна личност, а спасувачката акција е во тек.