Македонија
19. March 2017 - 17:00

Трагедија: Почина четиригодишното детенеце кое беше растргнато од глутница кучиња

После три дена битка 4 годишното дете од кичевското село Бачишта денеска околу 13 часот им подлегна на повредите. Детето во исклучително лоша состојба беше пренесено во Ургентниот центар во Скопје.Речиси и да немало делови од телото кои не биле изгризани од чопорот кучиња кои го нападнале ,после неколку часовната операција остана без еден бубрег и слезина а неговиот кревок живот беше приклучен на апарати за реанимација. Сакајќи да појде до соседната куќа каде се наоѓал неговиот татко го нападнале повеќе кучиња скитници но и кучиња кои се појавиле од соседната штала со овци сопственост на 49 годишен жител од селото кој ги чувал необезбедени.Против сопственикот на кучињата поднесена е кривична пријава .

Од почетокот на годинава, до денеска, во полициската станица во Кичево пријавени се 4 случаи напад на кучиња врз луѓе само во селото Бачишта.Инаку нападите од кучињата скитници не престануваат деновиве беше нападната и една жена од охридското село Велгошти .