Свет
25. April 2017 - 10:08

Трагедија: Најмалку 27 загинати во судар меѓу камион и автобус

Најмалку 27 лица загинаа во судар меѓу патнички автобус и камион во Кенија, соопшти полицијата.

Како што се наведува, до несреќата дошло на главната сообраќајница во земјата, која ги поврзува двата најголеми града - престолнината Најроби и пристаништето Момбаса.

Американските медиуми наведуваат дека во сообраќајни несреќи во Кенија годишно страдаат околу 3.000 лица.