Свет
10. August 2016 - 18:24

Трагедија: Најмалку 17 луѓе загинаа во страотна сообраќајна несреќа

Најмалку 17 луѓе загинаа, а 29 се повредени во директен судир на два автобуса во Перу, соопшти денеска полицијата.

Сообраќајната несреќа се случи синоќа во јужниот дел на Перу, а истрагата е во тел.

Меѓу загинатите се и двајцата возачи и туристи од Бразил.

Сообраќајните несреќи во Перу се чести, а во најголем број од нив учествуваат автобуси на приватни комапании. Во 2014 година во сообраќајни несреќи во Перу загинаа 2.798 луѓе.