Џет-Сет
14. February 2018 - 13:19

Трагедија на познатиот музичар: Му рекла дека ќе го чека, но се омажила за друг и потоа дознал дека си пукала во глава

Песната „Tu noć kad si se udavala"е една од најубавите балади на Прљаво Казалиште, но малку кој знае каква тажна приказна крие. 
 
По легендата која со години се прераскажува Јасенко Хоурa , лидерот на бендот имал девојка во која бил многу заљубен и кога заминалв о војска ја прашал дали ќе го чека и таа позтивно му потврдила. 
 
Меѓутоа, кога Јасенко се вратил од војска со бендот ја закажал својата свирка на една венчавка и тоа било на венчавката на неговата девојка. 
 
Во една верзија оваа приказна има уште еден трагичен крај. Недолго по венчавката, девојката си пукала во глава и на тој начин си го одзела животот. 
 
Jасенко ова никогаш го немаше потврдено, но ни ја немаше демантирано легендата која е врзана за оваа песна. 
Уште една преубава балада крие трагична љубов. 
 
- Во прашање е песната "Bacila je sve niz reku" од Индекси
.
 
Тоа е приказна за големата љубов  на Даворин Поповиќ и анонимната девојка од Сараево. Пред венчавката, девојката абортирала и исчезнала. Многу години подоцна, на концертот во Шведска, Даворин Поповиќ му се причинило дека ја гледа од сцената, го остави микрофонот и истрча кон публиката. Меѓутоа, не ја нашол и повеќе никогаш не ја видел. 
 
А како што се зборува и песната на Весна Змијанац "Čiji su ono svatovi" настанала по трагедија која им се случуила на еден млад заљубен пар.  Невестата, која била бремена, и заминале на пробна венчавка. Меѓутоа, на патот имале сообраќајна несреќа во која загинале двајцата.