Македонија
26. April 2017 - 18:44

Трагедија: Младо момче пронајдено мртво во Скопје

Трагедија се случила вчера во Скопје, во 17 часот младо момче било пронајдено мртво. Се работи за 27-годишниот Г.Б. кој бил пронајден како лежи мртов на улицата Сава Ковачевиќ“, во објект во изградба

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Засега не се знае што се случило.