Македонија
3. July 2017 - 8:43

Трагедија: Млад живот згасна во сообраќајка на патот Прилеп-Крушево, тројца тешко повредени

24-годишно момче, со иницијали И.П. од прилепското село Славеј е жртвата од тешката сообраќајна несреќа која синоќа нешто по 19 часот се случила на патот Прилеп – Крушево во близина на селото Големо Коњари.

Според првичните информации, освен момчето кое починало на лице место, во сообраќајката потешко се повредени и три други лица кои итно се префрлени во прилепската Болница.

Според првичните информации, несреката најверојатно се случила заради неприлагодена брзина на ПМВ Фолсфаген Венто излетало од патот.

На местото на несреката увид извршИ увидна екипа, а по налог на јавниот обвинител телото на починатото момче предадено е на обдукција.

Заради сообракајката, сообракајот на овој патен правец два часа беше во прекин. Истрагата за утврдување на причините кои довеле до стравичната несрека, продолжува.