Балкан
4. October 2017 - 11:33

Трагедија: Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа во Црна Гора

Дамир Кошута (22), фудбалер на ФК Петровац загина во сообраќајна несреќа која вчера околу 16:20 се случила во Црна Гора, кога автомобил „Рено“ удри во комбе полно со туристи од Франција.

Дамир бил совозач во автомобилот, а во истиот биле уште двајца негови соиграчи.

Со скршена нога завршил Матија Божановиќ (23), а полесно повреден е Јапонецот Шоу Јамомото (20).

Вкупно осум лица се повредени и пренесени во которската болница, а сите надлежни екипи излегле на лице место.