Џет-Сет
23. January 2017 - 17:56

Трагедија: Млад актер загина на снимање на спот

Актерот и каскадер Јохан Офнер (28) почина на снимањето на спотот за хип-хоп бендот "Bliss n Eso", кога е застрелан во гради. Спотот е сниман во Бризбејн, а трагедијата се случика во бар, кој бил затворен за потребите на снимањето.

-Во текот на снимањето на една сцена се користени николку видови огнено оружје. Еден од актерите е погоден во градите и набрзо им подлегнал на повредите, изјавија од полицијата без да шрецизираат од кое огнено оружје е застрелано несреќното момче.

Членовите на бендот не биле присутни кога се случила несреќата, но се огласија на Фејсбук.

-Многу сме потресени поради трагичниот настан кој денеска се случи на снимањето на нашиот спот во Бризбејн и смртта на каскадерот кој беше ангажиран. Не бевме на сетот во тој момент и нашиот менаџмент моментално работи со полицијата на расветлувањето на случајот за да ги дознаеме деталите. Многу сме вознемирени и нашите молитви се со неговото семејство и пријателите, напишаа членовите на бендот.