Македонија
19. January 2017 - 12:56

Трагедија: Маж пронајден мртов во Скопје

Педесет и пет годишниот Д.И. од село Долно Количани вчера вечерта бил пронајден мртов на улицата „Петар Поп Арсов“.
 
Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.
 
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Со наредба на ЈО телото на починатиот било предадено за обдукција.