Живот
17. December 2017 - 21:01

Трагедија која почна на денот на венчавката: Чекореше кон олтарот, а набрзо потоа го загуби животот, тоа што ја снајде е ужасно

Невестата по изговарањето на заветот отиде во смрт, зошто и се случи нешто ужасно.

Невестата се заразила со бактерија во текот на сопствената венчавка, а почина кратко по свадбата.

Џејми Макарти од Нов Зеланд добила менингококна инфекција, неколку моменти по искажувањето на брачните завети.

За жал, девојката која имала само 26 години, починала по кратко време. Мајката на невестата Линда Мекарти ја раскажа оваа приказна под фотографијата од својата  ќерка како чекори кон олтарот заедно со таткото.

„Нашата прекрасна првородена ќерка наеднаш го напушти нејзиниот татко и мене, само неколку часа по венчавката со нејзиниот сакан маж Алистер Џон поради менингококна болест. Нашето малечко девојче, отиде прерано, напиша скршената мајка.

Пријателите и семејството се обидоа да ја опишат својата тага поради загубата на саканата Џејми.

„Нејзината смрт е голем шок за сите, така брзо ја загубивме и сето тоа беше тежок процес, Отиде поради смртносна болест многу нагло“, рече нејзиниот сопруг Алистер. Семејството објави и службено соопштение во кое младата жена е опишана како „личност со најтопло срце на светот“. Таа била среќна поради венчавката, која била прекрасен и среќен настан полн со љубов.

Здравствените служби на Нов Зеланд тесно соработуваат со семејството за да го спречат ширењето на болеста, од која многу луѓе се опоравуваат, но по некои истражувања пет од десет случаи завршуваат со смрт.