Балкан
1. September 2015 - 11:26

Трагедија: Ја убил сопругата па извршил самоубиство

Во полициската станица во Бања Лука, вчера околу 12:00 часот е пријавено дека во коритото на реката Врбас е забележано безживотно тело.
 
Нуркачкиот тим на специјалната полиција го извлекле телото на брегот, каде што е утврдено дека станува збор за лице со иницијали Н.Д. од Буквалек, општина Бања Лука и дека смртта е настаната поради давење, а немало ниту траги од насилство.
 
Истиот ден, во неговиот двор околу 19:00 часот полицијата го пронашла и телото на неговата сопруга С.Ш. со видливи повреди на главата.
 
После увидот полицијата заклучила дека починатиот најпрво ја убил сопругата па извршил самоубиство.