Македонија
1. May 2017 - 21:25

Трагедија ја потресе Македонија: Младо момче загина во страшна сообраќајка

Денеска околу 14.15 часот на локалниот пат помеѓу селата Дреново и Сланско (општина Македонски Брод) се случила сообраќајка во која загина Х.Т. (1998) од Македонски Брод.

Загинатиот возел мотоцикл, а од засега непознти причини се судрил со возило „фиат добло“ управувано од Б.Т. (2000) исто така од Македонски Брод. 

Поради тешките повреди, од кичевската болница итно кон скопските клиники бил пренесен Х.Т. кој околу 18 часот починал.

МВР извести дека двајцата возачи немале положено за возачка дозвола.