Живот
23. July 2017 - 20:31

Трагедија: Девојче (10) силувано од вујкото, останало бремено - лекарите не дозволуваат абортус

На девојче на возраст од 10 години кое е во 6. месец од бременоста, откако ја силувал родениот вујко, лекарите во Индија му рекоа дека не може да абортира затоа што е премногу млада.

Исто така, на несреќното дете лекарите во округот Чандригар му рекле дека „абортусот не е опција“ во оваа фаза од бременоста.

Родителите на девојчето открија дека е трудна откако тоа се пожалило на болки во стомакот. Таа подоцна им рекла на родителтие дека вујкото, брат на нејзината мајка, ја силувал 6 пати кога бил во посета.

Семејството од судот побара дозвола за прекин на бременоста, но после прегледот на фетусот е утврдено дека нема законска основа за абортус.

Сепак некои лекари во Индија го кренаа гласот против ова, наведувајќи ги специфичните околности и младоста на девојчето како фактор кој треба да доведе до одлука за прекина на бременоста.