Свет
14. September 2017 - 14:00

Трагедија: Деветмина загинати во експлозија во рудник во Кина

Девет рудари загинаа во експлозија на гас во рудник во североисточната кинеска провинција Хејлонгџијанг, соопштија локалните власти.

Експлозијата се случила во рудникот за јаглен Јучен, каде во тој момент под земјата се наоѓале 17 рудари, јави Синхуа.

Осуммина од работниците се спасени и префрлени в болница, од каде информираа дека тие се во стабилна состојба.

Во тек е истрага за причините за експлозијата