Балкан
8. October 2017 - 12:44

Трагедија: Цело семејство завиено во црно, двајца браќа и жената тргнале на свадба, завршија под куп камења

Три млади лица од едно семејство загинаа во одрон на патниот правец Торовица-Малецај кај албанскиот град Лежа.

Според полициското соопштение, во несреќата загинале браќата Едмонд(31) и Валентин(29) и сопругата на Едмонд, Аида Зефи(21), која била бремена.

Жртвите се од селото Рабоште, а патувале со автомобил кон Торовица за да присуствуваат на домашна веселба кај родителите на Аида.

Причина за одронот се обилните дождови во изминатите денови.