Џет-Сет
12. May 2016 - 20:48

Трагедија: Актерот од популарната серија загина во сообраќајка

Ник Лашавеј трагично загинал во сообраќајна несреќа во Масачусетс во 28-та година од животот.

Американскиот глумец најпознат е по своите улоги во популарните серии "Girls" и "The Last Song".

Како што се наведува во полицискиот извештај, Лашавеј во бесознание е пронајден зад воланот на својот џип кој горел. Еден од полицајците го извлекол и се обидел да го оживее со вештачко дишење, пред да стигне Брзата помош. Префрлен е во блиската болница каде што е прогласен за мртов.