Македонија
18. August 2016 - 14:47

Трагедија: 21- годишно момче пронајдено мртво својот дом во Драчево

Дваесетиедногодишно момче синоќа било пронајдено починато во својот дом во скопската населба Драчево. Засега, како што соопшти полицијата, причините за смртта се непознати. 

МВР соопшти дека синоќа околу 22:40 часот во населба Драчево-Скопје, на ул.„Илија Ристевски“, во сопствената куќа бил пронајден починат Б.Г. (21). 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.