Македонија
31. December 2016 - 16:20

Традиционално, 6-та година, сопругата на претседателот, маја иванова донираше пакетчиња за сите болни дечиња

Околу 90 дечиња новогодишната ноќ ќе ја поминат во Клиниката за детски болести. Поради здравствената состојба, 2017 ќе ја дочекаат во болничките кревети. Но и во овие предновогодишни прослави и подготовки не беа заборавени од првата дама. Маја Иванова им подели пакетчиња на сите пациенти со желба што побрзо да оздрават и да се вратат на детскиот безгрижен живот.

-Да нема повеќе детски созли, да нема повеќе родителски солзи..Посакувам што побрзо да оздрават, да се вратат во своите домови, кај своите другарчиња, на училиште, вели Маја Иванова, сопруга на претседателот Ѓорѓе Иванов

Медицински персонал од Клиниката за детски болести, покрај здравствената грижа за најмалите пациенти, со новогодишните елки и подароците им овозможуваат да почуствуваат дел од новогодишната магија.

Првата дама Иванова, веќе 6-та година по ред ја посетува Клиниката за детски болести делејки им подароци на децата.