Балкан
5. January 2016 - 9:41

Товарен брод неконтролирано плови крај бреговите на Јужна Грција

Товарен брод што пренесува руда со 13-член екипаж од синоќа неконтролирано плови во морето поради дефект во моторот. Бродот се наоѓа на 14 морски милји од Акротири Тенаро, најјужниот континентален дел на Грција на околу 250 км од Атина, јавија грчки медиуми.

Бродот под знамето на Антигва и Барбуда „Сириус“ тргнал од Мароко за Турција. Екипажот на бродот, составен од Украинци, се обидел да го отстрани дефектот, но не успеал.

Грчки реморкер се упатил за да го извлече бродот.