Фудбал
30. April 2017 - 19:47

Тотенхем за три минути год доби Арсенал во лондонското дерби

 
 
 Фудбалерите на Тотенхем за само три минути го добија лондонското дерби против Арсенал во рамките на 35.коло на англиската Премиер лига. 
 
На средбата одиграна попладнево на „ВајтХарт Лејн“ домашниот тим на Тотенхем славеше победа над Арсенал со 2-0, со головите на Деле Али во 56.минута и три минути подоцна (58) на Хари Кин од пенал. 
 
Покрај овој меч денеска се одиграа и средбите: Манчестер Јунајтед – Свонси 1-1, Мидлсборо - Манчестер Сити 2-2 и Евертон – Челзи 0-3. 
 
Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварот Ватфорд – Ливерпул. 
 
Табела: Челзи 81, Тотенхем 77, Ливерпул 66, Манчестер Сити 66, Манчестер Јунајтед 65, Арсенал 60, Евертон 58 (35),...