Loading Video...
Фудбал
17. March 2018 - 17:12

Тотенхем прв полуфиналист во ФА Купот

Екипата на Тотенхем е првиот полуфиналист во Англискиот ФА Куп. 
 
Лондонскиот тим забележа победа од 3-0 на гостувањето кај Свонси во првиот меч од четвртфиналната рунда. 
 
Кристијан Ериксен  беше стрелец на два гола за Тотенхем првиот во 11-тата и вториот во 62.минута, а во меѓувреме на крајот на првиот дел (45) Ерик Ламела   го постигна вториот погодок за лондонската екипа.
 
Во вториот четвртфинален дуел кој ќе се игра вечерва  Манчестер Јунајтед го пречекува Брајтон.
 
За утре се закажани средбите меѓу Виган и Саутемптон, односно Лестер и Челзи.