Фудбал
26. April 2016 - 0:07

Тотенхем го губи шампионскиот чекор!

Фудбалерите на Тотенхем направија чекор наназад во борбата за шампионската титула, откако во последниот натпревар од 35.коло ремизираа со ВБА 1:1. На три кола до крајот Лестер има седум бодови повеќе од Тотенхем и за да ја освои титулата му се потребни уште само три бода.
 
Тотенхем доминираше против тимот од Бирмингем, имаше водство, по водечкиот гол неговите играчи создадоа неколку добри шанси за гол (Ериксен, Кејн, Ламела), но крајот попуштија под притисокот. Дури во финишот можеа да останат и без бод, но Рондон не успеа да го совлада Лорис.
 
Централна фигура на мечот беше поранешниот играч на Тотенхем, Крег Доусон, тој во 33.минута со несмасна реакција си постигна автогол, но во 72.минута беше највисок по корнерот на Гарднер и го постави конечниот резултат.
 
До крајот на првенството Лестер најпрвин ќе гостува кај Манчестер Јунајтед, потоа ќе го пречека Евертон, а во последното коло гостува кај сеуште актуелниот првак Челзи.
 
Тотенхем, во наредното коло оди кај Челзи, потоа ќе го пречека Саутемптон и во последното коло ќе гостува во Њукасл.