Бизнис
9. August 2017 - 17:45

Топлото време негативно се одразува и врз сточарството

Намалена продуктивност на млеко и месо, хормонални пореметувања и опаднат имунитет се последици кои ги трпат домашните животни поради пеколните температури. Порастот на температурите е во правопропорционален сооднос со  ризикот од заболувања, посебно кај тревопасните животни.

- Нивниот имунолошки систем е нарушен, а и во овие топли услови многу се активни преносителите на различните заразни болести. Туке се најопасните болести кои се јавуваат посебно кај преживарите, како јазлеста кожа, син јазик и други заболувања-изјави Стојан Маролов, АПРЗ-Штип

Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието, како советодавно тело, апелираат до сточарите и фармерите да преземат превентивни мерки за заштита од заразни заболувања преку редовно чистење и дезинфекција на објектите каде се чува добитокот, правилно чување на сточната храна и прописно одлагање на арското ѓубре.

- Да се стават заштитни мрежи како механичка заштита на фармите, да се зголеми хигиената. Ако може да се направат и оросувачи и вентилација на фармите и ред други активности кои во зависност од финансиските можности и видот на домашните животни им ги нудиме како совет за сточарите- додаде Маролов

Сушниот период ги остави без вода помалите водотеци, па сточарите мака мачат со напојување на стоката на паша. Во шталски услови се препорачува користење на вода за напојување од водоводната мрежа.