Македонија
6. July 2017 - 17:45

Топлото време ги наполни болниците

Лето е но детската болница во Козле е полна со пациенти исто како и во шпицот на грипот.  Овој период доминираат ентеровируси со  пролив, повраќање и главоболки, кои кај голем број деца предизвикале влошување на здравствената состојба и биле задржани на лекување. Микробиолозите велат дека вирусот кај еден пациент може да помине само со лесни симптоми а друг да добие и воспаление на срцевиот мускул или менингит.

-Имаме многу пациенти со различни симптоми, но она што можам да го кажам за вирусите кои доминираат сега е дека е неопходна добра хигиена на раце и на храна бидејќи многу вируси можат да предизвикаат раљзлични компликации. Има и пациенти со респираторни инфекции, односно воспаление на дишните патишта, вели др Горица Попова, шеф на микробилогија во болницата во Козле

Наглите временски промени, според педијатерите во Козле се дополнителна причина за зголемениуот број на деца со алергиски реакции. Повеќето од малите пациенти имале отежнато дишење и ларингит. Во болницата последените две недели регистрирале и деца со гнојна ангина, болест која е карактеристична за зимскиот период и бебиња со температура од 40 степени.