Џет-Сет
30. јуни 2015 - 21:57

Том Круз повторно како самоуверениот пилот Маверик во „Топ Ган 2“

Популарниот американски глумец Том Круз повторно самоуверено ќе управува со авионот во новото продолжение на филмот „Топ Ган“.

За проектот во моментов се пишува сценариото.

- Во филмот постои неверојатна мисија за Маверик и невозможно е да има продолжение без тој неверојатен лик, изјави филмскиот продуцент Дејвид Елисон.

Тој уште откри дека дејствието се одвива во сегашноста и оти Морнарицата и војувањето многу се измениле од излегувањето на оригиналот. Том Круз (52) во 1986 година го играше ликот на тогаш неискусниот храбар пилот Маверик, а истиот лик ќе го глуми и во новото продолжение.

Проектот се реализира по 30 години, а до голема пауза дојде и поради смртта на режисерот на првото продолжение Тони Скот.