Македонија
19. September 2016 - 8:30

Толку од сонцето - Еве какво време не очекува

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои  на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен претежно југозападен ветер. УВ=5 Т-мин. од 10 до 18 а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 21 до 28 степени.

Скопје Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои  локално ќе бидат поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен претежно југозападен ветер. Т-рите од 17 / 26 степени.

Од вторник под влијание на посвежа воздушна маса од север времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, особено во вторник. Дневните температури ќе опаѓаат и во средината на наредната седмица ќе се движат од 16 до 22 степена.