Македонија
29. April 2017 - 21:43

Тодоров: За СДСМ ова е битка за власт, за нас е битка за државата

За СДСМ ова е битка за власт, а за нас ова е битка за државата, истакна меѓу другото Никола Тодоров во своето вечерашно гостување на Нова Тв.
 
Тој посочи дека не е ништо ново во демократијата да се промени власт и тоа не е страшно, но вели страшно е како е тоа направено неуставно, нелегитимно, неделовнички.
 
– Ние веруваме во демократијата, во Уставот, законите, процедурите. Ако не се почитуваат процедурите и секој кој е на позииција може да одлучува како нешто ќе направи спротивно на законите, тоа не е демократија. Тоа не смее да се дозволи, тогаш паѓа суверенитетот, државноста, тогаш може некој да ни ја оспори и државата, вели Тодоров