Тодоров: Одлуката на Управен суд е противправна и скандалозна
ВМРО-ДПМНЕ оцени дека одлуката на Управниот суд да ја уважат тужбата на СДСМ е противправна и скандалозна.
Никола Тодоров, член на Извршниот комитет на партијата синоќа на прес-конференција рече дека одлуката е донесена под притисок од СДСМ, медиумите блиски до партијата и некои други фактори однадвор.
- Еден од најголемите докази за противправното одлучување на судиите од Управниот суд кој одлучуваа за оваа тужба е фактот што нестандардно за судската пракса, во образложението од одлуката не се наведени конкретните законски причини и основи заради кој се носи оваа одлука, туку е наведена една општа формулација која е несвојствена, нетипична и која отстапува од правните стандарди- а тоа е дека се случувале низа неправилности. Кои се тие неправилности, за каков тип на неправилности станува збор, тоа воопшто не е содржано во образложението на пресудата, истакна Тодоров.
Ова, според Тодоров, е дел од сценариото за поништување на волјата на граѓаните и постизборен инженеринг.
- Едноставна е математиката, СДСМ на ова гласачко место може да ја украде победата на ВМРО-ДПМНЕ, само и исклучиво преку овој таканаречен изборен инжинеринг за што ќе се таргетираат точно определен број на гласачи преку кој СДСМ ќе се обиде да ја фалсификува волја на сите граѓани која беше дадена на легитимни фер и демократски избори кои се одржаа на 11-ти декември, појасни Тодоров.
ВМРО-ДПМНЕ, како што посочи Тодоров, останува на ставот искажан во Прогласот.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово