Македонија
9. November 2015 - 16:55

Тодоров: Криминален чин и примитивно дело за кое нема оправдување

Криминален чин и примитивно дело за кое нема оправдување. Ова е ставот на првиот човек на министерството за здравство. Според Тодоров со промена на законот за здравствена заштита, напаѓачот на докторот ќе одговара кривично и му се заканува затвор од една до 10 години. Нападите врз лекарите се третираат како напад на службено лице. По настанот на Абдоменална, министерот вели дека чувствува морална одговорност и не е задоволен од системот, но според него не е поентата во задоволствотоо туку што се презема за тоа да се промени.

-Знаев дека тоа ќе прашате и тоа не може да се предвиди. Во многу здравствени системи ова се случува вели Никола Тодоров, министер за здравство

Настанот што се случи утринава на Абдоменална не смее да се повтори. Лекарите побараа поголема заштита, бидејќи како што велат нивната главна цел е спасување на човечки животи. Осуда и заштита на лекарската фела побара и лекарската Комора.

Како лицата влегле со оружје на хируршките клиники никој не знае и според здравствените власти тоа не може да се предвиди. Но ова не се случува само во македонскиот здравствен систем. оваа година во Бостон е убиен кардиохирург од страна на револтиран син. Во Велика Британија, пак, во 2012 година се регистрирани по 163 напади на лекари дневно.