-->
-->
Тодоров: 20 загубени топки се премногу за победа
-->
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје вечерва го забележа вториот пораз сезонава во АБА лигата прв на домашен терен. „Металците“ загубија од Задар со 85:80, со слаба завршница во последната минута.
Тренерот Александар Тодоров на прес конференцијата изјави:
- Ова е тежок пораз за нас особено дека доаѓа од директен конкурент. Влеговме со предност од два поена во последната минута, а примаме „тројка“. Ова ќе биде долга и тешка сезона за нас. На еден од следните два натпревара Игокеа и Цибона задолжителна е една победа. Дадовме 80 поени, според мене малку за победа на домашен терен со шут за три (5 погодени/ 23 обиди). Играчите треба да се воиграат, а потребни се повеќе тренинзи заедно пред се за подобра игра во одбрана. Имавме 20 загубени топки што покажува дека делуваме како полупрофесионален тим.
Во следното коло МЗТ Скопје во понеделник гостува кај Игокеа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто