Ракомет
29. May 2016 - 22:09

Титулата европски шампион за Киелце

Ракометарите на полскиот шампион Киелце се новите европски шампиони откако во финалето вечерва во Келн го победија Веспрем по изведувањето на пенали. Во регуларниот дел резултатот беше 29:29, а по продолжението 35:35 на пенали беше 4:3 за Киелце.
Ова за Киелце е првата титула европски шампион.
 
Полскиот тим направи голем подвиг откако во 47.минута беше во негатива од девет голови, односно Веспрем водеше со 28:19. Киелце успеа да се избори за продолжение откако во последните секунди Кшиштоф Лиевски постигна гол за изедначување – 29:29. Во продолжението во последните секунди Кристијан Угалде изедначи за Веспрем на 35:35 и се избори за пенали.
 
Во пенал серијата Киелце беше подобар со 4:3 и со вкупни 39:38 се избори за својата прва европска титула. 
Тобијас Рајхман од Киелце со 9 голови беше најефикасен, додека кај Веспрем 7 голови постигна Угалде.  
Во натпреварот за 3.место ПСЖ го победи Кил со 29:27.