Балкан
19. May 2017 - 9:23

Тито никогаш не се оженил со Јованка - ова било криено со години

Лидерот на Југославија, Јосип Броз Тито, се уште предизвикува носталгија кај многумина. До него секогаш стоеше неговата сопруга, Јованка Броз, но според новите шокантни податоци кои ги објавија српските медиуми, Тито всушност никогаш не се оженил со Јованка. 

Никаде во матичните книги не е заведено дека Тито и Јованка склучиле брак. 

Српскиот Курир го отворил стариот архив и дошол до овој податок. Според нив, венчавката на Тито и Јованка била лажна.