Балкан
11. March 2017 - 16:29

Тирана тоне во корупција, додека Албанија се меша во политиката во Македонија

Водечките албански опозициски партии се заканија дека ќе ги бојкотираат парламентарните избори закажани за 18 јуни, доколку Владата на премиерот Еди Рама не поднесе оставка и не биде формиран технички кабинет, кој би го спровел изборниот процес.Во заедничкото соопштение на опозицијата се наведува дека  нема да учествуваат на изборите, доколку „не биде постигнат политички договор што ќе гарантира слободни и фер избори“.Опозицијата ја обвинува Владата на Рама за корупција и вмешаност во шверц на марихуана и тврди дека не верува оти таа ќе организира фер избори.