Бизнис
4. February 2016 - 20:21

Типски куќи низ целата држава земјиштето ќе се продава по евро за квадрат

Почна постапката за воспоставување на типски населби со симболична цена на земјиштетот за граѓаните заинтерсирани да изградат куќа.

Ова е уште еден од проектите со кои владата нуди поддршка за доаѓање до сопствен дом и со него граѓаните ќе можат да купат земја за изградба на куќа за евро по квадрат.

Планот е во соработка со општините да се направат типски населби низ целата земја и да се заштедат средства на инвеститорите со оглед на тоа дека во некои општини цените на градежното земјиште се движат и до 200 евра за квадратен метар.

- Покрај тоа што даваме значителна поддршка преку финансирање на ратата во период од 11 години и 100% покривање на учеството во кредитот за стекнување на куќа, ја стартувавме и постапката со која ќе се овозможи воспоставување на нови типски населби во кои ќе се овозможи купување на земјиште за изградба на куќи по почетна цена од 1 евро за метар квадратен. На овој начин ќе овозможиме дополнителна поддршка на семејствата, и огромна заштеда на трошоци за купување на земјиште, имајќи во предвид дека цената на градежното земјиште во некои градови е и по 100 и 200 евра за метар квадратен, и сметаме дека секако овој проект е во најдобар интерес за граѓаните и мотив повеќе за семејствата да може да размислуваат за стекнување со куќа, изјави портаролот на владата Александар Горѓиев.

За реализација на овие населби потребно е општините да се пријават на тековниот оглас на министерството за транспорт и и врз основа на нивните барања владата ќе најде државно градежно земјиште, ќе изработи урбанистички планови и ќе ги ослободи од трошоци.

 Огласот трае до десетти февруари, според првичните информации дел од градоначалните веќе аплицирале за типски населби кои би имале и до 300 куќи.

Процедурите треба да завршат во втората половина од годината по што земјиштата на граѓаните ќе им се нудат на транспарентни електронски аукции.