-->
-->
Тинејџерка симпатизерка на ИД осудена на шест години затвор во Германија
-->
Симпатизерка на терористичката организација Исламска држава денеска е осудена на шестгодишна затворска казна бидејќи во февруари минатата година на главната железничка станица во Хановер со кујнски нож нападнала и повредила полицаец.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин и покрај тоа што таа со своите 16 години се води како малолетна в затвор ќе мора да помине шест години. Според обвинителството Сафија С. нападот го извршила по нарачка на членови на Исламската држава.
Сафија С. која што има двојно германско и мароканско државјанство пред нападот патувала во Турција од каде што сакала да замине во Сирија. но во тоа ја спречила нејзината мајка која што ја вратила во Германија. Сепак за време на престојот во Турција тинејџерката стапила во контакт со членови на ИД кои и наложиле да нападне полицаец во Германија за да стане „маченик на исламот“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање