Свет
15. November 2016 - 8:37

Тимот на Трамп бара децата на новоизбраниот претседател на САД да имаат достап до тајни информации

Тимот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп побарал од Белата куќа да даде можност децата на Трамп да добијат пристап до класифицирани информации од највисоко ниво на тајност, јави Си-Би-Ес.

Ќерката на Трамп, Иванка, синовите Ерик и Доналд и зетот Џаред Кушнер беа советници во предизборната кампања.

Си-Би-Ес не прецизира дали тимот побарал достап до тајни информации за сите деца на милијардерот.

За да добијат таква можност, тие треба да бидат назначени за советници за национална безбедност и тоа може да го направи само Трамп по преземањето на функцијата.

Доналд Трамп има шет деца од три брака.