Македонија
23. November 2015 - 16:52

Тимот на специјалната обвинителка ќе одлучува кој од предметите има приоритет за веднаш да биде превземен

Јанева потврди дека го добила одговорот од јавното обвинителство и во тек е анализа на доставените податоци. Тимот на специјалната обвинителка ќе одлучува кој од предметите има приоритет за веднаш да биде превземен. Ваквиот став во денешното соопштение следува по информацијата од четвртокот кога Јавното обвинителство ги објави предметите кои согласно закон биле доставени до новот специјално обвинителство посочувајки ги досега превземените истражни постапки и обвинителството кое работело на секој од предметите.

Специјалната обвинителка информира дека во соработка со министерството за правда веќе е изготвен и предлог закон за јавно обвинителска службеа, кој според неа е неопходен за екипирање на обвинителството со стручен, истражен и административен кадар.

Предлог Законот е изготвен врз основа на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со целосно искористување на компаративните искуства за организираност на вакво обвинителство. Очекуваме Предлог Законот да биде ставен на дневен ред на првата седница на Владата на Република Македонија, по што во итна постапка ќе биде ставен на дневен ред и во Собранието на Република Македонија и ќе се пристапи кон негова целосна имплементација, пишува во соопштението.

Тимот на Јанева од деветти до 20 месецов ги поминал потребните обуки, а бил донесен и оперативен план за делување на специјалното обвинителство. Поради итноста на предметното постапување, Јанева информира дека бил закупен простор за привремено сместување додека да бидат завршени активностите во просторот кој е наменет за специјалното обвинителство.  

За ставовите и соопштенијата јавноста ќе може да се информира и преку фејзбук страницата отворена за таа намена.