Тилевски: Туризам, туризам туризам за Охрид
Митко Тилевски, кандидатот за градоначалник на Охрид на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција најави повеќе проекти во насока на натамошен развој и промоција на градот како најпозната туристичка дестинација во земајта.
- Охрид се издвојува како туристички центар не само во рамките на Македонија, туку и во светски рамки. Со големата промоција на Охрид низ светските медиуми се постигнува голем успех кој резултира со перманентно зголемување на бројот на странски и домашни туристи. Со сериозна стратегија и пристап до висок локален економски развој и туризам. Затоа велиме: Туризам. Туризам. Туризам, изјави Тилевски.
Тој најави отворање туристичко биро во рамките на ТЛЕР, со примарна цел промоција на туристичката понуда и производ на градот, давање услуги во посредување при сместување, инфомација за настани и туристички производи, дистрибуција на промотивен материјал и сл.
Притоа перманентна промоција на туристичкиот потенцијал на Охрид преку директни промоции во повеќе градови, традиционално одржување на туристичката „Промотивна тура“, поддршка на Фестивалот „Охрид Цаллинг“, интензивирање на меѓународната соработка со институции од соседните држави, збратимените градови...
Ново на Сител
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица