Македонија
27. September 2017 - 14:15

Тилевски: Работа за сите, економски пораст и развој на Охрид

Како кандидат за градоначалник на градот Охрид, одговорноста е поголема но мотивот е уште посилен. Имам визија и мисија како Охрид да продолжи со нови проекти да го усовршува вистинскиот и европски и современ лик. Со работа, дела и отчетност да се внесе во новата ера, гордо и достоинствено. Околу мене има тим советници докажани во својата фела, полни со знаење, ентузијазам и со вистинска љубов кон Охрид и охриѓани.

Ова денеска го изјави кандидатот за градоначалник на општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Тилески.

-Стратегиските цели на јасно дефинираната програма ќе бидат: работа за сите, економски пораст и развој на Охрид, создавање на нови работни места и намалување на стапката на невработеност и унапредување на туризмот и меѓународна соработка на градот. Добивајќи ја вашата поддршка за иден градоначалник на локалните избори коишто следат Ве уверувам дека приоритетните проекти ќе бидат реално остварени и целосно покриени од локалната самоуправа. Дозволете да Ви претставам дел од нив: Туризам, туризам, туризам! Силна промоција на туристичките капацитети на Охрид, со сериозна стратегија и пристап, директно придонесуваме во локалната економија која после долги години на пад и стагнација, во последните неколку години даде оптимистички показатели. Комплетна реконструкција на Булевар Туристичка, реконструкција на коловозот, атмосферската канализација, водоводна мрежа по потреба, изградба на пешачка и велосипедска патека, хортикултурно уредување, истакна Тилески.

Потенцира дека предвидена е изградба на кеј.

-Изградба на Кеј – ново лице на градот, ќе се пристапи кон уредување на градскиот кеј при што ќе се изгради модерно шеталиште во кое охриѓаните и гостите ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време. Реконструкција на плоштадите „Св. Климент Охридски“ и „Крушевска Република“, двата плоштада со нов и модерен лик и изградба на нов плоштад „Студенчишта“ – ново препознатливо место за Охрид со повеќе активности. Изградба на велосипедска патека Охрид – „Свети Стефан“, со оваа патека, охриѓани и гостите ќе имаат можност да го користат своето време активно, практикувајќи здрави навики за возење велосипед. Изградба на социјални станови, семејствата со социјален ризик да добијат свој дом, посочи Тилески.

Соопшти дека предвидени се нова трибина и соблекувални на Билјанини извори.

-Изградба на повеќенаменски спортски и детски игралишта и балон-сала. Бесплатна здрава храна за ученици од прво до петто одделение, грижа за стекнување на здрави животни навики за учениците. Субвенционирање на дел од патните трошоци на просветните работници кои патуваат до своето работно место. За подобрување на условите во образованието ќе инвестираме во реконструкција на училиштата, градинките, во изградба на училишни спортски сали како и стипендирање на талентирание и социјални категории ученици од Охрид. Реконструкција и санација на културно-историските знаменитости, куќите и објекстите што се заштитено културно-историско наследство во Охрид и поддршка на манифестациите кои се обележје на градот. Инфрастуктурните активности, реконструкција и уредување на улиците, велосипедските и пешачките патеки, хортикултурното уредување ќе бидат наше секојдневие. Со уредувањето на нови и одржувањето на постојните паркови допринесуваме за поубав и позелен лик на градот, нагласи Тилески.

Потенцира дека за Охрид се одлучува со пенкало.

-Да продолжиме да чекориме по патот на успехот, тоа е влогот на нашата генерација што мора да го исполниме со мудрост, со чесност и со работа. Заедно, сплотени, единствени кон победа. Затоа велиме: Секогаш работа, секогаш Охрид, секогаш Македонија, рече Тилески.