Свет
28. April 2017 - 19:08

Тилерсон: САД не ја исклучуваат можноста за директни преговори со Северна Кореја

САД не ја исклучуваат можноста за директен дијалог со Северна Кореја за нејзината нуклеарна програма, изјави денеска американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

- Јасно е дека тој е начинот на кој сакаме да го решиме прашањето, посочи Тилерсон.

Тој додаде дека властите во Пјонгјанг треба да бидат подготвени да ја разгледаат перспективата за враќање на Корејскиот Полуостор во зона ослободена од  нуклеарно оружје.

- Нашата цел и иста како таа на Кина - Корејскиот Полуостров да биде без нуклеарно оружје. Ние веќе го исполнивме својот дел, го повлековме нуклеарното оружје од Полуосторовот. Време е Северна Кореја исто така да го отстрани оружјето, наведе Тилерсон.

Тој додаде дека целта на САд не е смена или соборување на власта на Северна Кореја туку обединување на Корејскиот Полуостров.

- Целта ни е нуклеарно разоружување на Корејскиот Полуостров, истакна Тилерсон.