Свет
5. јуни 2017 - 9:51

Тилерсон: Прекинувањето на односите со Катар нема да ја засегне борбата против тероризмот

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон изјави дека не очекува одлуката на Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин да ги прекинат односите со Катар, ќе се одрази сериозно на борбата против Исламската држава.

- Не очекувам тоа да има некакво сериозно значење за заедничката борба со теророзмот на регионален и глобален план, наведе Тилерсон во Сиднеј, по средбата на министрите за надворешни работи и одбрана на Австралија и САД. 

Тилерсон ги повика земјите, кои се членки на Советот за соработка во Заливот, да ги надминат разликите. 

Координираното прекинување на дипломатските односи е драстична ескалација на споровите околу поддршката на Катар за Муслиманските браќа, настарото исламско движење во светот.