Свет
3. December 2017 - 9:51

Тилерсон не ја напушта функциата државен секретар на САД

 

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон негираше тврдења дека ја напушта функцијата и дека ќе биде заменет од актуелниот директор на ЦИА, Мајк Помпео.

На прашање на куса прес конференција дали има вистина во тврдењата на американски медиуми тој одговори негативно.

– Луѓето треба да најдат подобри извори, изјави Тилерсон.

Во петокот американскиот претседател Доналд Трамп напиша на Твитер дека работи добро со Тилерсон и дека високиот дипломат на САД нема да ја напушти функцијата.

Директорот на ЦИА одби вчера да коментира дали му е предложено да го замени Тилерсон во Стејт департментот наведувајќи дека е фокусиран на новата работа што ја извршува веќе 10 месеци.

Њујорк тајмс минатата недела објави дека Тилерсон ќе биде сменет од Помпео, а шеф на ЦИА ќе биде сенаторот републиканец Том Котон.