Балкан
17. February 2018 - 10:02

Тилерсон му ја честиташе на Косово 10-годишнината од прогласување независност

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, во име на САД, упати честитки до Косово по повод 10-годишнината од прогласување независност.

- Во деценијата независност, Косово покажа одлучност во созревањето во постабилна, подемократска и поинклузивна земја. САД продолжуваат да ги поддржуваат граѓаните на Косово додека работат на јакнење на демократските и мултиетнички институции, зголемување на економскиот раст и унапредување на владеењето на правото на патот кон целосна интеграција во меѓународната заедница, наведе Тилерсон

Шефот на американската дипломатија, исто така, на граѓаните на Косово им посака иднина „исполнета со мир и просперитет“.