Македонија
16. February 2017 - 14:59

„Тиквеш“ исплати 60 отсто од откупеното грозје

Заклучно со 15-ти февруари оваа година, до кога истекува законскиот рок за исплата на втората рата од средствата за откупеното грозје од последната берба, винарската визба „Тиквеш“ исплати речиси 63 отсто од вкупната вредност. 

- Повторно го надминавме законскиот праг кој предвидува до средината на февруари на лозарите да им бидат исплатени минимум 60 проценти од средствата за откупеното грозје. На ваков начин го потврдуваме својот сериозен однос кон своите партнери - лозарите, овозможувајќи им навремено и квалитетно да ги реализираат сите планирани подготовки за новата винска сезона, велат од „Тиквеш“.

Минатата година, винарската визба „Тиквеш“ откупи околу 17,5 милиони килограми грозје со вкупна вредност од 263,5 милиони денари.