Џет-Сет
16. October 2015 - 12:31

Тијана за Тоше: Денес е еден од најтажните денови, а вечерва мора да пеам

На денешен ден, пред осум години, Балканот беше потресен поради смртта на Тоше Проески, пејачот со ангелски глас, кој почина во 26 – та година од животот.

Зад себе остави армија луѓе чии срца ги исполнуваше со неговата музика и појава, помеѓу кои се и бројни колеги  кои и ден денес со тага во глас поради неговото загинување зборуваат за скромното момче со раскошни потенцијали од Македонија.

Пријателката на Тоше пејачката Тијана Дапчевиќ се присетила на нивното пријателство и кажала дека неговата смрт е најтешкиот ден во нејзиниот живот.

-Денес е еден од најтажните и најтешките денови во мојот живот, а морам да пеам. Не можете да замислете како ми е – кажала  пејачката која вечерва настапува во Сараево и продолжила: Тоше беше мој близок пријател, а кога замина тој, почувствував дека загубив некој род роден. Не поминува ден да не помислам на него, особено кога сум во Скопје и кога ќе поминам покрај местата каде се дружевме, пеевме  и забавуваме. Мојата кума Весна и јас го викавме бајадера, тој беше моето бајадерче-кажала Тијана за српските медиуми.

1tose500

-Најжално е тоа што не ја исполни својата мисија пред  да го напушти  земскиот живот. Тој е пратен на земјата да лекува и да ги исполнува луѓето со неговата појава и песна, а милиот господ веројатно го земал за на него да му пее, друго објаснување нема. Се додека се сеќаваме на него, додека го спомнуваме и ги пееме неговите песни, Тоше ќе живее- заклучила Тијана.