Џет-Сет
20. November 2017 - 9:04

Тијана направи спектакл во ТЛЗП: Пејачката целосно се трансформираше, а кога пушти глас сите занемеа

Пејачката синоќа во емисијата „Твоето лице звучи познато“ го имитираше претставникот на Евровизија Цезар, а во прашање е еден многу контроверзен настап.

Тијана Дапчевиќ потполно се внесе во улогата на Цезар, па беше брилијантна на сцена, иако имаше тешка задача пред себе.

Таа од жирито доби бројни комплименти, посебно во врска со нејзините вокални способности, со оглед дека гласот на Цезар е многу висок.

-Ова не беше лесно и ова што го слушав беше одлично, рече Андрија.

-Колку што ме служи сеќавањето, твојата мајка е оперска пејачка, си имала од кого да научиш. Твојот настап беше идентичен како од Евросонг. Беше одлична, сите честитки, рече Александра.

Погледнете го нејзиниот настап: