Тенис
15. November 2016 - 18:26

Тием го победи Монфис на финалниот АТП Мастерс во Лондон

Австриецот Доминик Тием славеше победа против Гаел Монфис на зфиналниот турнир од АТП Мартерс серијата која се одржува во „О2“ арената во Лондон.
 
Во првиот меч од 2.коло во групата „Иван Лендл“ австрискиот тенисер ја искористи лошата игра на Французинот во третиот сет и триумфира со 2:1 во.
 
Првиот сет го доби Тием со 6-3, додека Момфис експресно израмни 1:1 во сетови добивајќи го вториот убедливо со 6-1.
 
Во последниот трет сет, лошиот сервис на Монфис кој направи три двојни сервис грешки се покажаа како  решавачки, па Австриецот го освои сетот со 6-4 и со конечни 2:1 ја забележа првата своја победа на турнирот во Лондон. 
 
Во вечерашниот термин од 21 часот же играат Новак Ѓоковиќ и Милош Раоноќ, меч во кој српскиот тенисер со евентуален триумф би обезбедил пласман во полуфиналето.